24фудбал

Хајнкес очекува тешко гостување на Велодром

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес очекува тежок натпревар против 100% мотивираниот Марсеј на Стад Велодром

Лига на Шампиони

Баварците важат за фаворити, но Хајнкес предупредува дека гостувањето во Марсеј воопшто нема да биде лесно.

“Играме секои три дена, па вчера цел ден го анализирав фудбалот што го игра Марсеј.” – рече тренерот на Баерн на прес конференцијата.

“Се работи за одличен тим со одличен тренер, кого го познавам добро.”

“Марсеј игра емоционален фудбал и сигурно нивните фудбалери ќе бидат 100% мотивирани. Ќе се обидеме да не паднеме во нивната замка. Се работи за силен противник, кој игра физички фудбал.”

“Очекуваме тежок натпревар на овој стадион, но имаме верба. Фокусирани сме на овој дуел, и имаме почит за противникот.”

“Знаеме дека е важно да се постигне погодок на гостински терен, но ние не постигнавме гол на гостувањето кај Базел а на крајот успеавме да се пласираме во следната рунда, па ова не ме загрижува премногу.”

Хајнкес исто така истакна дека оваа средба со нетрпение ја очекува Франк Рибери, кој две години го носеше дресот на Марсеј и го напушти Стад Велодром за преселба на Алианц Арената.

“Рибери сакаше дуел со Марсеј и можеме да ги разбереме неговите чувства.”

“Тој има одлична сезона и ќе биде прекрасно доколку стигне до трофејот од Лигата на Шампионите во дресот на Баерн.”