24фудбал

Венгер: Милан не може да триумфира во ЛШ оваа сезона

Арсен Венгер верува дека Милан нема доволно добар состав за да се носи со шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Менаџерот на Арсенал во својот блог на Eurosport вели дека Барселона е супер-фаворит за триумф во најелитното европско натпреварување.

Арсен Венгер може да види како Реал Мадрид им се спротивставува на Каталонците, но истото не може да го каже и за Милан и Баерн Минхен.

“Милан игра добро како тим и може да смета на одличен фудбалер како Златан Ибрахимовиќ, но мислам дека тие не се на потребното ниво за триумф во Лигата на Шампионите.” – напиша Венгер.

“Тие имаат одредени слабости, но и одредени предности. Робињо секогаш е опасен во нападот, а Ибра може да постигне многу погодоци доколку има свој ден.”

“Милан знае како да победи на домашен терен, и може да му создаде проблеми на било кој тим, но мислам дека оваа сезона нема да триумфира во Лигата на Шампионите.”

“Барселона е супер-фаворит. Пред се, имаат голема самодоверба, бидејќи го освоија ова натпреварување минатата сезона.”

“Исто така тие го имаат Лео Меси, кој може да постигне два погодока и кога не е 100% фит.”

“Реал Мадрид е еден од фаворитите за триумф во Лигата на Шампионите. Имаат одличен состав, но и добри индивидуалци. Се работи за тим кој може да постигне гол во секое време.”

“Мислам дека Милан и Баерн Минхен се на исто ниво, тешки противници, но не можат да триумфираат во Лигата на Шампионите.”

“Мислам дека Милан и Баерн не можат да излезат како победници во пресметка со Реал и Барса.”

Милан утре на Сан Сиро ги пречекува Каталонците во првиот натпревар од четврт-финалето. Подобриот од овој двомеч вкрстува со победникот од пресметката помеѓу Бенфика и Челзи.

Реал Мадрид и Баерн Минхен можат да се сретнат во полу-финалето, доколку Кралевите го елиминираат АПОЕЛ, а Баварците го елиминираат Марсеј.