24фудбал

Тиаго Силва четири недели во аут

Поради повредата заработена на дуелот против Рома, Тиаго Силва ќе паузира од три до четири недели, дефанзивецот на Милан ќе ги пропушти натпреварите против Барселона.

Италија
Голем удар за Милан во пресрет на дуелот од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите против Барселона, Тиаго Силва четири недели во аут.
 
27-годишниот дефанзивец пред време го напушти натпреварот против Рома во саботата кој Милан го доби со 2-1.
 
Милан соопшти дека поради повреда на бутниот мускул Тиаго Силва ќе биде од три до четири недели во аут.
 
Росоњерите во среда ја пречекуваат Барселона на Сан Сиро, отсуството на Тиаго Силва создава големи главоболки за Масимо Алегри.