24фудбал

Пред Муамба е долг процес на опоравување

Семејството на Фабрис Муамба вели дека пред фудбалерот е долг процес на опоравување, и се заблагодарија за големата поддршка што пристигнува од целиот свет

Англија

Фудбалерот на Болтон останува на интензивна нега откако во саботата доживеа срцев удар за време на дуелот против Тотенхем во ФА Купот.

Таткото и вереницата на Фабрис Муамба денеска издадоа соопштение преку кое изразија огромна благодарност до лекарските тимови на Болтон и Тотехем и нивната брза реакција, како и до фантастичниот тим кој се грижи за фудбалерот во London Chest Hospital.

“Најпрво би сакале да му се заблагодариме на Господ за тоа што одговори на нашите молитви.” – гласеше соопштението на господионот Муамба и госпоѓата Магунда.

“Им должиме енормна благодарност на медицинските тимови на Болтон и Тотенхем, и на фантастичниот тим тука во London Chest Hospital.“

“Исто така им благодариме на сите за искажаната љубов, молитви и поддршка во изминатите неколку дена.”

“Трогнати сме од сите пораки што ги добивме. Поддршката што ја добивме од фановите, не само од фановите на Болтон, туку од сите фудбалски фанови ширум светот ни дава голема сила.”

“Продолжете да се молите за него.”

За состојбата на Муамба, тие рекоа: “Иако Фабрис забележа одличен прогрес во последните неколку дена, тој сеуште е на интензивна нега, и пред него е долг период на опоравување.”