24фудбал

Муамба го прашал својот татко: ’Дали го загубивме натпреварот?’

Фабрис Муамба сакал да знае дали Болтон загубил на гостувањето кај Тотенхем, откако се освестил во болница по доживеаниот срцевиот удар

Англија

Младинскиот репрезентативец на Англија бележи добар прогрес откако во саботата доживеа срцев удар за време на ФА Куп дуелот помеѓу Тотенхем и Болтон.

The Sun повикувајќи се на пријател близок до семејството, денеска објави дека Муамба откако се освестил во болницата го прашал својот татко дали Болтон загубил на Вајт Харт Лејн.

Кога Муамба се разбудил од кома, неговиот татко Марсел го прашал дали знае кој е тој, а Фабрис кратко одговорил ’Да’ и потоа прашал, ’Дали загубивме?’

Откако му било кажано дека средбата била прекината при резултат 1-1, Фабрис прашал поради која причина не се доиграл натпреварот, а неговиот татко му одговорил, ’Поради тебе.’

Муамба исто така прашувал и за својот три годишен син Џошуа во првите зборови изговорени по будењето од кома.