24фудбал

Муамба имал ’комфорна’ ноќ

Од таборот на Болтон пренесуваат дека Фабрис Муамба имал комфорна ноќ на оделот за интензивна нега во London Chest Hospital

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Болтон продолжува да се опоравува откако изминатиот викенд доживеа срцев удар на средбата против Тотенхем во ФА Купот.

Муамба од саботата е на интензивна нега, и вчера беше соопштено дека фудбалерот забележува знаци на подобрување.

Во понеделникот медицинските лица пренесоа дека состојбата на Муамба останува сериозна, но повеќе не е критична бидејќи младинскиот репрезентативец на Англија започнал да дише без помош на апарати, а разговарал и на Француски и Англиски.

Болтон со соопштение на својата веб страна попладнево обезбеди нови детали за состојбата на Муамба.

Фудбалерот имал комфорна ноќ на оделот за интензивна нега во London Chest Hospital, а медицинскиот персонал постојано го следи неговиот прогрес.

Семејстовото на Муамба се заблагодари за огромната поддршка што ја добиваат, а исто така побараа фудбалерот во иднина да биде посетуван само од членови на неговото блиско семејство како и луѓето од фудбалскиот клуб Болтон.

Во меѓувреме, менаџерот на Болтон, Овен Којл откри дека тој одржал краток разговор со Муамба.

“Имавме разговор и разменивме неколку зборови, но тоа ќе остане помеѓу нас.” – рече Којл.

“Тоа е добар знак, но морам да нагласам дека ова е сеуште рана фаза во процесот. ”

“Пред Фабрис е долг пат, но ова се охрабрувачки знаци.”