24фудбал

Состојбата на Муамба и понатаму е критична

Од таборот на Болтон пренесуваат дека срцето на Фабрис Муамба е во стабилна состојба, но фудбалерот и понатаму се бори за својот живот

Англија

Младинскиот репрезентативец на Англија во саботата доживеа срцев удар за време на средбата помеѓу Тотенхем и Болтон во ФА Купот.

Тој веднаш беше пренесен во London Chest Hospital, и е сместен на интензивна нега во центарот за срцеви напади.

Од таборот на Болтон постојано издаваат соопштенија за сите да бидат во тек со прогресот кој го бележи 23 годишниот фудбалер, но неговата состојба останува критична.

“Срцето на Фабрис Муамба е во стабилна состојба, но тој и понатаму е во критична состојба на интензивна нега во London Chest Hospital.” – гласеше соопштението на Болтон.