24фудбал

Почина легендарниот Васил Дилев - Дитљак

Синоќа на 98. годишна возраст, почина најстариот фудбалер во Македонија, легендарниот голман Васил Дилев - Дитљак.

Македонија
„Дитљак" кој е роден во далечната 1913 година беше еден од пионерите на македонскиот фудбал и како голман го чуваше голот на СК Македонија и ФК Вардар.
 
По завршувањето на фудбалската кариера беше првиот тренер во Македонија со положен тренерски испит.
 
Со неговото заминување замина најстариот жив фудбалер во нашата држава.