Официјално: Лацио ја одби оставката на Реја

Лацио потврди дека ја одбиваат оставката на тренерот Еду Реја.
Во текот на денешниот ден тренерот на Лацио, Еду Реја поднесе оставка поради несогласувања со спортскиот директор Игли Таре.
 
Сега клубот информира дека тие ја одбиле оставката на Реја и тој ќе продолжи да го води тимот.
 
"Денес во 14.00 Реја ја презентираше својата оставка, но клубот ја одби, па ништо не е променето" - изјави директорот за комуникации во Лацио, Стефано Ди Мартино.
 
"Кога ќе се вратиме во Рим, ќе ги разгледаме работите".
 
"Реја испрати пишана копија од неговата оставка, но Лацио ја одби. Тренерот е тука сега и ќе видиме што ќе се случи во петок".
 
Лацио во моментов е во Мадрид каде што утре му гостува на Атлетико во Лига Европа.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]