Базел и Марсеј ја искористија предноста на домашен терен

Со голови во финишот од натпреварите, Базел го победи Баерн, Марсеј славеше против Интер во првите 1/8 финални натпревари од Лигата на Шампионите.
Марсеј ја доби првата 1/8 финална пресметка со Интер, со гол во финишот дојдоа до минимална победа од 1-0.
 
Интер ја продолжува мизерната форма, фудбалерите на Клаудио Раниери со наведната глава го напуштија и Велодром.
 
Клучниот погодок се случи во 93. минута кога по изведен корнер на Валбуена, Ајев со глава ја смести топката во мрежата на Жулио Цезар.
 
Во Базел, Баерн Минхен влезе како фаворит, но домаќините се радуваа на триумф.
 
Баварците и во Лигата на Шампионите ја пренесоа променливата форма од домашното првенство.
 
Откако во групната фаза го елиминираше Манчестер Јунајтед, Базел уште еднаш потврди дека може да се надигрува со фаворитите.
 
И на овој натпревар долго се чекаше за погодок, на четири минути пред крајот по асистенција од Зоуа, Стокер го совлда Нојер за значаен триумф на Базел.
 
Победи без примен гол за домаќините, Интер и Баерн ќе имаат тешка задача во реваншот за пласман помеѓу осумте најдобри во Лигата на Шампионите.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]