Лацио во хаос; Еду Реја си поднесе оставка
Стратегот немаше најдобар однос со претседателот на Лацио Клаудио, Лотито и спортскиот директор Игли Таре.
Еду Реја не криеше дека е разочаран од управата на клубот поради лошиот настап на трансфер пазарот во јануари.
Конфликт помеѓу двете страни избувна и вчера поради тешкиот пораз од 5-1 што Лацио го доживеа на гостувањето кај Палермо, а Лотито под знак прашалник ставил одредени одлуки на Реја.
Извештаите на медиумите од Италија говорат дека стратегот денеска си поднел оставка.
Реја намерата за повлекување од тренерското столче, ја испратил преку факс до управата на Лацио, но сеуште не е јасно дали тој ќе замине од Олимпико, бидејќи во овој момент Клаудио Лотито решил да не ја прифати оставката.
Се говори дека Реја се сложил да ја замрзне оставката на неколку дена и да го предводи Лацио на утрешното гостување кај Атлетико Мадрид во реванш средбата од 1/16 – финалето во Лига Евра. Бјанкочелестите имаат негатива од 3-1 по првиот натпревар.
