Фердинанд: Да ја одбраниме титулата и да ги замолкнеме новите фанови на Сити
Рио Фердинанд вели дека сака да ги замолкне новите фанови на Манчестер Сити со одбрана на титулата во Премиер лигата.
Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед водат голема битка за титулата во Премиер лигата оваа сезона.
Во моментов Сити има два бода предност пред Јунајтед на табелата.
Рио Фердинанд вели дека сака да ги замолкне новите навивачи на Сити кои поради успесите на клубот се се повеќе видливи во градот.
"Сега откако тие се конкуренти за титулата гледаме повеќе дресови на Манчестер Сити во градот и повеќе луѓе зборуваат за нив" - вели Фердинанд.
"Тоа не можевте да го видите пред некоја година. Сега сакаме да ги замолкнеме таквите луѓе".
