Хајнкес оптимист пред гостувањето на Баерн кај Базел
Баварците играат во слаба форма на стартот од 2012, особено на гостувањата, па дозволија Борусија Дортмунд да креира четири бода предност на врвот во Бундеслигата.
Пред Баерн Минхен сега е гостувањето кај Базел во првиот натпревар од осмина-финалето во најелитното Европско натпреварување.
“Доаѓаме во Базел со голем оптимизам.“ – рече Хајнкес. “Знаеме дека ќе биде тешко, противниците секогаш го подигнуваат нивото на игра кога се среќаваат со Баерн.“
“Потребно е да ги повториме перформансите што ги прикажувавме во групната фаза, во која забележавме добри резултати.“
“Не случајно Базел се најде во осмина-финалето, па не смееме да го потцениме противникот.“
“Пред стартот на групната фаза, можеби сите мислеа дека Базел ќе финишира на третата позиција во групата, но тие се надминаа себеси, и со одлчно однесување и добар фудбал го испратија Манчестер Јунајтед во Лига Европа.“
“Тоа треба да биде предупредување за нас.“
