Нема повеќе фудбал во сабота за Манчестер Јунајтед
Актуелниот шампион на Англија денеска соопшти дека пет натпревари од април месец, помеѓу кои и големото градско дерби со ’Граѓаните’, добиле нови датуми по последниот избор на средби од Премиерлигата кои ќе се пренесуваат на ТВ.
Дербито на Манчестер, кое може да биде клучно во трката за титулата во Премиерлигата, беше закажано за сабота 28. арпил, но сега ќе се одигра два дена подоцна во понеделник, 30. април.
Фановите на Манчестер Јунајтед исто така дознаа дека нивниот клуб оваа сезона повеќе нема да игра во сабота, доколку ’Црвените Ѓаволи’ го елиминираат Ајакс од 1/16 – финалето во Лига Европа и се пласираат во следната рунда.
Со оглед на тоа дека Јунајтед забележа победа од 2-0 на гостувањето на Амстердам Арената, за очекување приврзаниците на клубот, кои и придаваат огрмно значење на традицијата да останат разочарани.
