Адебајор верува дека ќе биде фит за натпреварот против Арсенал

Напаѓачот на Тотенхем, Емануел Адебајор е уверен дека ќе биде фит за дербито против Арсенал кое се игра овој викенд.
Во недела на Емирати се игра големото дерби на Северен Лондон, Арсенал го пречекува Тотенхем.
 
Емануел Адебајор кој се рехабилитира од повреда се надева дека ќе биде фит за натпреварот против неговиот поранешен тим, Арсенал со кој не се раздели на убав начин.
 
"Само што го завршив тренингот, навистина сум среќен со прогресот, коленото изгледа многу подобро. Работам на мојот фитнес за недела" - напиша Адебајор на својот твитер профил.
 
Хари Реднап има причини за задоволство бидејќи во тимот се враќа и Рафаел ван дер Варт.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]