Слутски: Реал е фаворит, но и ЦСКА има шанси за четврт-финале

Тренерот на ЦСКА Москва, Леонид Слутски вели дека Реал Мадрид е фаворит за плсман во следната рунда од Лигата на Шампионите, но верува дека тие можат да обезбедат добар резултат на Сантијаго Бернабеу

Со погодокот на Вернблом во завршните мигови од средбата, ЦСКА Москва вчера се избори за реми од 1-1 во првиот натпревар со Реал Мадрид во осмина-финалето од најелитното Европско натпреварување.

 

На тој начин, клубот од Русија остана во игра за пласман во следната рунда, но ќе им биде потребен позитивен резултат на Сантијаго Бернабеу.

 

Леонид Слутски е свесен дека воопшто нема да им биде лесно на гостувањето во Мадрид, но тренерот на ЦСКА вели дека тие искусиле слична ситуација пред две години кога ја елиминираа Севиља со победа од 2-1 на Рамон Санчез Пискуан.

 

“Имавме една голема грешка во првото полувреме, да не беше таа, средбата ќе завршеше 0-0.” – рече Слутски на прес-конференцијата по натпреварот на Лужники Стадионот.

 

“Дефанзивата добро го одработи зацртаниот план, но во нападот не одигравме на потребното ниво.”

 

“Ни недостасуваше фудбалер од средниот ред кој ќе го диктира темпото на нашата игра.”

 

“Откако во игра го внесов Хонда, станавме поопасни во нападот. Тој играше повеќе отколку што можеше. Се надевам дека на реваншот во Мадрид ќе биде спремен да одигра 90 минути.”

 

“На крајот фрливме се на една карта, извршивме притисок врз одбраната на Реал Мадрид и постигнавме погодок во завршните мигови од средбата.”

 

“Какви се нашите шанси за пласман во четврт-финале? Пред две години започнавме со реми од 1-1 на домашен терен против Севиља, бевме аутсајдери во реваншот, но се пласиравме во следната рунда.”

 

“Реал Мадрид останува фаворит, но овој резултат ни дава надеж дека ќе можеме да обезбедиме пласман во четврт-финале.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]