Мурињо: Можевме да победиме, но и реми не е лош резултат

Жозе Мурињо жали што неговиот тим не успеа да победи на гостувањето кај ЦСКА Москва, но додава дека и ремито од 1-1 не е лош резултат

Кралевите беа блиску до победа на гостувањето во Москва откако поведоа со погодокот на Кристијано Роналдо во 28. минута, но фудбалерите на ЦСКА успеаа да стигнат до реми во третата минута од судиското надоплнување.

 

“Кога долго време ќе имате предност и ќе примите погодок во последните мигови од средбата, сигурно ќе имате горчина во устата.“ – рече Жозе Мурињо по крајот на средбата

 

“Противникот ни ги отежна работите, но немаа премногу прилики за погодок. Одиграа сериозно и работеа напорно.”

 

“Голот им донесе голема радост, а на нас ни донесе фрустрација, бидејќи одигравме подобро и имавме шанси за повеќе погодоци.”

 

“Резултатот е добар и би прифатил ваков резултат на секој гостински натпревар во нок-аут фазата доколку потоа треба да играме реванш на домашен терен.”

 

“Одигравме просечно, а и покрај тоа имавме шанси за втор погодок. Не сум среќен со конечниот исход од средбата, но во исто време не сум ниту тажен.”

 

“Ремито од 1-1 значи дека ќе треба да одиграме на повисоко ниво на вториот натпревар. Се надевам дека ќе можеме да ја елиминираме ЦСКА на домашен терен.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]