Џон Тери ќе мора да го оперира коленото

Последните извештаи што пристигнуваат од Англија говорат дека Џон Тери ќе мора да го оперира коленото и би можел да паузира и до два месеци

Џон Тери во моментов е со тимот на Челзи во Неапол и Андре Вилаш Боаш се надеваше дека дефанзивецот ќе се опорави на време и ќе настапи на вечерашниот дуел со Наполи во осмина-финалето од Лигата на Шампиони.

 

Иако англискиот репрезентативец вчера го одработи тренингот на Челзи, според пишувањата на медиумите, утрово се разбудил со голема болка во коленото.

 

Извештаите велат дека лекарскиот тим на Челзи одлучил Тери да замине на операција, која најверојатно ќе биде извршена во четврток.

 

Се говори дека капитенот на ’Сините’ ќе паузира најмалку еден месец, иако постојат и попесимистички прогнози според кои фудбалерот ќе биде надвор од стројот дури 8 недели.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]