Монтоливо се договорил со Милан?

Медиумите од Италија пренесуваат дека Рикардо Монтоливо постигнал согласност со Милан за преселба на Сан Сиро по крајот на сезоната

Италијанскиот репрезентативец е под договор со Фиорентина до 30. јуни, и се очекува по крајот на сезоната да замине од Артемио Франки како слободен агент.

 

Подолго време се говори дека Рикардо Монтоливо ќе го облече дресот на Милан.

 

Последните извештаи велат дека фудбалерот веќе ги финализирал преговорите со ’Росоњерите’ и била постигната согласност за четири годишен договор вреден 2,5 милиони евра по сезона, со опција за уште една додатна година.

 

Ниту Монтоливо, ниту актуелниот шампион на Италија, не ги коментираат ваквите стории на медиумите.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]