Швајни за малку ќе играл за кошаркарскиот тим на Баерн
Ваквата идеја била поддржана од спонзорот на Баварците, Adidas но Швајни не се појавил во кошаркарски дрес на Баерн Минхен поради страв од можна повреда.
Тренерот на кошаркарскиот клуб на Баерн Минхен, Дирк Бауерман во својата биографска книга ’Mission Erfolg’ откри дека се разгледувала можноста Бастијан Швајнштајгер да настапи на некој од завршните натпревари во сезоната, откако тие веќе обезбедиле промоција во најсилната кошаркарска лига во Германија.
“На седум натпревари пред крајот на сезоната, во март 2011, обезбедивме пласман во Бундеслигата, а на пет натпревари до крајот, го обезбедивме првото место.” – напиша Дирк Бауерман, кој е поранешен тренер на националниот кошаркарски тим на Германија.
“Во тоа време, постоеше шанса Бастијан Швајнштајгер да игра за нас.”
“Ќе беше навистина забавно.”
“Но на крајот превладеа здравиот разум. Замислете колку лошо ќе беше доколку тој се повредеше. Имаше премногу непредвидливи ризици, па решивме Швајни да не настапи.“
Ѕвездата на фудбалскиот тим на Баерн Минхен е голем љубител на кошарката, често ги следи домашните натпреварите на кошаркарскиот тим на Баерн, и од првиот ред ги бодри своите миленици.
