Јунајтед го испрати Кушчак на позајмица во Ватфорд
Голманот на Манчестер Јунајтед, Томаш Кушчак се пресели во Ватфорд на позајмица до крајот на сезоната
29 годишниот Пољак нема одиграно ниту еден натпревар за ’Црвените Ѓаволи’ оваа сезона, и на Олд Трафорд е дури четврта опција за голманската позиција, зад Давид де Хеа, Андрес Линдегард и Бен Амос.
Па затоа Манчестер Јунајтед се сложи да го испрати Томаш Кушчак на позајмица во Ватфорд до крајот на сезоната.
Кушчак пристгна на Олд Трафорд во 2006, најпрво на едногодишна позајмица, а во 2007 Манчестер Јунајтед го направи неговиот трансфер перманентен за околу 2 милиони фунти.
Сепак, полскиот репрезентативец никогаш не успеа да се избори за место во првиот тим, и одигра само 61 натпревар за ’Црвените Ѓаволи’.
