Ван дер Варт фит за дербито со Арсенал
’Спарси’ гостуваат на Емирати со дест бода предност на табелата во однос на ’Топџиите’, кои претходно долги години уживаа во супериорноста над лутиот ривал од северен Лондон.
За дербито со Арсенал, Хари Реднап најверојатно ќе го има на располагање и Ван дер Варт, кој добро се опоравува од повредата.
Холандскиот репрезентативец поради повреда на листот на ногата ги пропушти последните три натпревари на ’Спарси’, но Ван дер Варт утре започнува со целосни тренинзи и се надева дека ќе биде инволвиран на средбата на Емирати.
“Добро се опоравувам од повредата.“ – рече Ван дер Варт.
“Очекувам во среда да се вратам на тренинзите на тимот, и потоа ќе почнам да се фокусирам на дуелот со Арсенал.“
“Ќе бидам многу среќен доколку играм против Арсенал. Со нетрпение го чекам овој дуел.“
За градското дерби неизвесен е Емануел Адебајор, кој на тренинг заработи повреда на коленото, а под огромен знак прашалник е настапот на Асу Екото, кој минатата недела направи операција на препоните.
