’Чеканите’ имале неуспешни обиди за ангажман на Торес и Тевез

Во зимскиот преоден рок Вест Хем се обидел да ги ангажира Фернандо Торес и Карлос Тевез, но ’Чеканите’ не успеале да ги остварат своите амбициозни планови

Поради лошата голгетерска форма на Фернандо Торес, кој во јануари 2011 го напушти Ливерпул и се пресели на Стемфорд Бриџ во рекорден трансфер на Островото вреден 50 милиони фунти, ’Чеканите’ се надевале дека ќе можат да го донесат Шпанецот во своите редови.

 

Управата на Вест Хем верувала дека Торес ќе има корист од престој во Чемпионшип дивизијата, но добиле негативен одговор од Челзи.

 

Ко-сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан рече: “Се обидовме да го донесеме Торес од Челзи.”

 

“Доколку тој не може да постигне погодок во Премиерлигата, нека дојде еден месец кај нас, па можеби ние ќе успееме да го вратиме во голгетерска форма.”

 

“Сепак Челзи испрати негативен одговор, и само ни рекоа ’не во овој момент’.”

 

Другиот ко-сопствениот на Вест Хем, Дејвид Голд истото подоцна го потврди преку Твитер.

 

“Се обидовме да го ангажираме Торес на краткорочна позајмица.“ – напиша Голд.

 

’Чеканите’ сличен одговор добиле и од Манчестер Сити за можна преселба на Карлос Тевез на Аптон Парк.

 

“Три пати прашавме за ангажман на Карлос Тевез. Три пати добивме одговор ’нема шанси’.” – додаде Саливан.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]