Берета именуван за нов тренер на Чезена
Последнопласираниот тим на табелата во Серија А, Чезена го именува Марио Берета за нов тренер на првиот тим
Чезена вчера се раздели со Даниеле Аригони, и фенерџијата воопшто не трошеше време за пронаоѓање на замена, па утрово го потврди Марио Берета за нов предводник на првиот тим.
52 годишниот стратег повеќе од една година беше без работа, откако во јануари 2011 доби отказ од Бреша по серијата слаби резултати и освоени шест бода од седум натпревари.
Се верува дека Берета ставил потпис на договор со трајност до 30. јуни. Тој е третиот тренер на Чезена оваа сезона, откако во ноември минатата година, клубот ја прекина соработката и со Марко Џампаоло.
