Де Лаурентис: Секој фудбалер има цена

Наполи е подготвен да слушне понуди од заинтересирани екипи за своите три големи ѕвезди, Лавеци, Кавани и Хамшик.
Препознатливото напаѓачко три на Наполи, Лавеци, Кавани и Хамшик се постојана мета на големите екипи.
 
Претседателот на Наполи, Аурелио Ди Лаурентис не ја отфрла можноста некој од нив да биде продаден во летниот преоден рок, вели дека се има своја цена.
 
"Доколку тие имаат пари да платат, ги чекам нивните понуди" - изјави Де Лаурентис за Daily Mirror.
 
"Никогаш нема одредена цена. Цената зависи од потребата на клубовите и од моментот во преговорите".
 
"Сите тие се фантастични фудбалери. Имаме многу фантастични фудбалери. Не очекувам ништо. Благодарение на Бог, не ми требаат пари од никого. Доволно сум богат за да преживеам".
 
"Но доколку некој сака да испрати понуда, ние сме тука да го слушнеме. За никого не ја затвораме вратата".
 
"Доколку некој сака да достави понуда, може да го направи тоа. Ние може да се насмееме на понудата доколку не е задоволувачка или да речеме 'Ајде да седнеме и да дискутираме за тоа'".
 
"Во животот се има своја цена. Прашање е само на моментот и вистинските луѓе".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]