Снајдер одбил понуда од Зенит

Весли Снајдер открива дека на негова адреса пристигнала интересна понуда од Зенит, но не сакал да го напушти Интер во овој период

Трансфер пазарот во Русија сеуште е отворен и Зенит е во потрага на замена за повредениот Дани, кој ќе паузира подолго време.

 

Се говори дека тимот од Санкт Петерсбург се обидува да го ангажира Милош Красиќ од Јувентус, а се споменува и името на Весли Снајдер.

 

Холандскиот репрезентативец потври дека добил интересна понуда, но ја одбил бидејќи верувал дека ова не е прав момент за да замине од Интер.

 

“Понудата на Зенит беше навистина интересна, тие беа подготвени да одат далеку со цел да стигнат до мојот потпис.” – рече Снајдер за Voetbal International.

 

“Нема ништо погрешно во нивната понуда.”

 

“Сепак, мислам дека ова не е прав момент за да го напуштам Интер.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]