Мацари: Наполи не е фаворит во дуелот со Челзи

Валтер Мацари се смее на сториите и написите на медиумите кои велат дека Наполи е фаворит во осмина-финалната пресметка со Челзи

Поради лошата форма на Челзи и резултатската криза во која се наоѓа тимот од Стемфрод Бриџ, многумина го посочија Наполи како фаворит за прогрес во четврт-финалето од Лигата на Шампионите.

 

Но тренерот на Наполи, Валтер Мацари не се сложува со ваквата констатација, и бара од своите фудбалери да му пристапат на утрешниот дуел со Челзи како аутсајдери.

 

Мацари, кој нема да биде на клупата на дуелите со Челзи поради суспензија, на денешната прес-конференција рече: “Ќе се сретнеме со тим кој има одиграно преку 100 натпревари во Лигата на Шампионите.”

 

“Горди сме што ќе играме ваков натпревар, но чудно ми е тоа што слушам дека ние сме фаворити. Ваквата констатација ми е смешна.”

 

“Ќе имаме проблеми доколку навистина поверуваме во ова.”

 

“Знаеме дека пред нас е тежок предизвик. Не можеме да си дозволиме грешки, и ќе треба да го прикажеме најдоброто од себе, ќе треба да одиграме перфектно.”

 

“Ќе стигнеме до посакуваниот резултат само ако го дадеме максимумот. Се надевам дека утре ќе видам еден зрел Наполи.”

 

“Ќе треба да ја лимитираме нивната игра. Челзи располага со одличен тим, и опасноста може да дојде од било кој фудбалер, па се надевам дека ќе немаат своја вечер. Важно е да не примиме погодок.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]