Алегри: Дуелот Милан-Јуве би можел да ја реши битката за Скудетото

Тренерот на Милан, Масимо Алегри верува дека дуелот со Јувентус во сабота може да има големо влијание во трката за титулата во Серија А

“Росоњерите’ на натпреварот ќе му пристапат како лидери на табелата со еден бод предност во однос на Јувентус, но ’Старата Дама’ има еден натпревар помалку, оној одложениот со Болоња, кој ќе се одигра на 7. март.

 

“Среќни сме поради првото место на табелата, и покрај тоа што имаме еден натпревар повеќе“ – рече Алегри.

 

“Сега ќе имаме цела недела за да се подготвиме за мега пресметката во сабота, и сигурен сум дека ќе прикажеме одлични пеформанси.“

 

“Очекувам во сабота да видиме убав натпревар. Тоа ќе биде фасцинантен дуел кој би можел да ја реши битката за Скудетото.“

 

Актуелниот шампион на Италија оваа недела ќе дознае дали Златан Ибрахимовиќ ќе може да настапи против својот поранешен клуб Јувентус.

 

Фудбалските власти треба да одлучат по жалбата која Милан ја поднесе против суспензијата од три натпревари.

 

“Доколку Ибра е на располагање, тогаш ќе игра против Јувентус. Доколку сеуште е суспендиран, имаме на располагање други фудбалери кои можат да ја завршат работата.“

 

“Во овој момент, можеме само да го чекаме исходот од жалбата што ја поднесеовме.“


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]