Ферги сака да остане на Олд Трафорд и по финишот на менаџерската кариера
Во интервју дадено за BBC Radio 5 Live, кое ќе биде емитувано вечерва, Шкотот вели дека има ’уште две или три години’ на менаџерското столче на Олд Трафорд, но верува дека и потоа ќе остане дел од Манчестер Јунајтед и ќе добие некоја нова функција.
70 годишниот Шкот вели дека е отворен за можноста да има слична улога како онаа на Сер Боби Чарлтон и да биде амбасадор на ’Црвените Ѓаволи’.
“Ќе останам активен. Мислам дека ќе има улога за мене во Манчестер Јунајтед кога ќе ставам крај на менаџерската кариера.” – рече Фергусон.
Сер Алекс, кој го превзде менаџерското столче на Олд Трафорд во 1986 и на Манчестер Јунајтед му донесе 12 титули од Премиер Лигата, две титули во Лигата на Шампионите и пет трофеи од ФА Купот, исто така вели дека посакува да се повлече во период кога клубот бележи успех.
“Мислам дека секогаш сакате да си отидете како победник.”
“Се надевам дека ќе можам да го сторам тоа. Не знам уште колку години ќе бидам менаџер, но доколку здравјето ме служи, мислам дека уште две или три години на кормилото на Манчестер Јунајтед нема да ми наштетат.“
Има голем број на шпекулации за тоа кој ќе биде наследник на Ферги. Жозе Мурињо останува еден од фаворитите, Пеп Гвардиола исто така се споменува како опција, а во последно време почна да се говори и за можноста Рајан Гигс да го наследи Сер Алекс.
Фергусон вели дека Мурињо ќе има поголема ’слобода’ на Олд Трафорд во споредба со сегашна ситуација на ’Специјалниот’ во Реал Мадрид.
