Меси и Иниеста сакаат Гвардиола да стави потпис на нов договор со Барса

Лионел Меси и Андрес Иниеста побараа од Пеп Гвардиола да ја продолжи верноста со Барселона и да остане на Камп Ноу уште долги години

Стратегот е под договор со актуелниот шампион на Шпанија до крајот на оваа сезона, и во саботата побара додатно време да одлучи за својата иднина.

 

Управата на Барселона од поодамна состави нов договор за Пеп Гвардиола, но тој вели дека сеуште нема јасна идеја за тоа каде сака да работи во иднина.

 

По вчерашниот дуел на Каталонците против Валенсија, во кој Барса забележа убедлива победа од 5-1, Меси и Иниеста побараа од Гвардиола да остане на Камп Ноу.

 

Меси, кој вчера на својот 200. натпревар во Ла Лига постигна четири погодоци, рече: “Гвардиола знае што мислиме, но тој ќе ја донесе својата одлука во право време.”

 

“Очигледно е дека сите сакаме тој да остане во Барселона, за нас, тој е многу важен.”

 

Андрес Иниеста пак додаде: “Се надевам дека ќе го обнови договорот и дека ќе остане со нас уште долги години.”

 

“Пеп треба да одлучи, и знае дека тимот сака тој да остане. Сите имаат таква желба.”

 

За новиот договор на Гвардиола се огласи и спортскиот директор на Барселона, Андони Зубизарета, кој рече дека стратегот ќе го добие времето што му е потребно за добро да размисли за својата иднина.

 

“Пеп знае дека клубот во него има комплетна доверба, исто како и првиот ден кога го превзеде кормилото на првиот тим. Нема да поставиме крајни рокови, тој ја има целата наша поддршка.”

 

“Доколку му е потребно време, ќе го добие. Секоја година става потпис на нов договор и секоја година му е потребно време за да почувствува дека тоа е правото нешто.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]