Милан се врати на врвот во Серија А

’Росоњерите’ лесно со 3-1 славеа на гостувањето кај Чезена и се вратија на врвот во Серија А

И покрај тоа што во тимот на Масимо Алегри недостасуваа неколку првотимци, Милан прокнижи три бода од гостувањето кај Чезена за повторно да се најде на првото место на табелата.

 

Резултатот беше отворен во 29. минута, кога во листата на стрелците се запиша новото засилување за актуелниот шампоион на Италија, Сулеј Мунтари.

 

Тиаго Силва изведе слободен удар од 20 метри, голманот на Чезена неспретно реагираше, па до одбиената топка прв стигна Мунтари кој од само неколку метри ја затресе мрежата на домакините.

 

Две минути подоцна, гостите имаат предност од 2-0. По еден брз против напад, Емануелсон упати прецизен удар од дваесетина метри, и со помош на стативата ја затресе мрежата на Чезена.

 

Во 55. минута Робињо зголеми на 3-0, а почесниот погодок за домакините го постигна Пудил, за кого ова беше деби гол во Серија А.

 

Рома пред своите фанови со 1-0 славеше во дуелот со Парма. Стрелец на погодокот вреден три бода беше Борини во 26. минута.

 

Еден погодок имаше и на средбата помеѓу Џенова и Киево, каде гостите од Верона стигнаа до минимална победа.

 

По еден добар напад во 30. минута, Терео го совлада Фреј, и донесе победа за ’Летечките Магариња’.

 

На средбата Новара-Аталанта немаше погодоци, додека пак на првиот денешен натпревар, Лече со убедливи 4-1 го доби дуелот со Сиена и ја напушти зоната за испаѓање.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]