Нова повреда за Боатенг

Фудбалерот на Милан Кивин Принц Боатенг има повреда на задната ложа и повторно ќе биде надвор од стројот

Екс-репрезентативецот на Гана, кој често има проблеми со ситни повреди, минатата недела се врати во составот на Милан за средбата со Арсенал, на која постигна прекрасен погодок.

 

Сепак тој во второто полувреме го напушти теренот поткривнувајќи, и иако се чинеше дека не се работи за ништо сериозно, Кевин Принц Боатенг одново ќе биде надвор од стројот.

 

Сеуште не е јасно колку ќе паузира плејмејкерот, но медиумите пишуваат дека под голем знак прашалник е неговиот настап на дерби дуелот со Јувентус, кој е на програмата следниот викенд.

 

“Милан може да потврди дека по средбата со Арсенал беше дијагностицирано повреда во задната ложа на левата нога на Кевин Принц Боатенг.” – гласеше соопштението на актуелниот шампион на Италија.

 

“Во следните неколку дена ќе биде воспоставена точна прогноза, откако ќе бидат извршени нови тестови.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]