Реднап го потврди интересот на Тотенхем за Еден Азар

Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап потврди дека плејмејкерот на Лил, Еден Азар е една од целите на клубот за следната сезона.
21-годишниот Азар важи за еден од најголемите таленти во моментов и е атрактивна цел за најголемите европски клубови.
 
И покрај тоа што се поврзуваше, со Реал Мадрид, Арсенал, Челзи... информациите од Франција велеа дека Тотенхем ја добиле битката за услугите на Азар.
 
Хари Реднап потврдува дека фудбалерот на Лил е една од нивните цели за трансфер во летниот преоден рок.
 
"Азар е фудбалер за кој сме дискутирале" - вели Реднап.
 
"Тој е фудбалер кој дефинитивно е на нашата листа".
 
"За него зборувавме пред неколку недели. Започнавме да зборуваме за можноста да го донесеме тука".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]