Јувентус ја победи Катанија и се врати на врвот во Серија А
Јувентус со пресврт дојде до победа од 3-1 против Катанија и се врати на лидерската позиција во Серија А.
Јуве дојде до очекуваните три бода против Катанија, победи со 3-1 во Торино.
По само четири минути игра, Катанија со голот на Бариентос од далечина дојде до водство од 1-0.
Во 22. минута Пирло од слободен удар го израмни резултатот на 1-1.
Течеше 74. минута кога по асистенција од Пирло, Киелини со глава постигнува гол за комплетен пресврт и водство на Јувентус од 2-1.
Седум минути подоцна, грешка на голманот на Катанија, повторно Пирло во улога на асистент, овој пат Кваљарела постигнува гол за конечни 3-1.
Со овие три бода Јувентус се врати на врвот во Серија А.
