Реал Мадрид рутинирано против Сантандер за +13 во однос на Барса
Реал Мадрид со убедливи 4-0 го победи Сантандер и се зацврсти на лидерската позиција со плус 13 бода во однос на Барселона.
Реал Мадрид рутинирано, со убедливи 4-0 дојде до очекуваните три бода против Сантандер.
Натпреварот на Бернабеу беше отворен по само шест минути игра кога по асистенција од Кака, Кристијано Роналдо погоди за 1-0.
Работата за гостите дополнително беше отежната во 39. минута кога Кисма заработи втор жолт картон, Сантандер остана со фудбалер помалку.
Пред крајот на првото полувреме, Карим Бензема постигна гол за водство на Реал Мадрид од 2-0.
Во 73. минута Ди Мариа постигна убав погодок за веќе сигурно водство и од 3-0.
Конечните 4-0 на натпреварот беа поставени во 89. минута кога Карим Бензема реализираше негов втор погодок на овој дуел.
Со овие три бода Реал Мадрид ја зголеми бодовната предност во однос на Барселона на 13 бода, Каталонците во ова коло на Камп Ноу ја пречекуваат Валенсија.
Севиља со 2-0 ја победи Осасуна, деби триумф за новиот тренер Мичел.
Медел во 16. и Трочовски во 93. беа стрелци на головите за Севиља.
Гетафе и Еспањол ги поделија бодовите играјќи 1-1.
