Арсенал елиминиран од ФА Купот
По дебаклот на Сан Сиро, нов удар за Арсенал, Топџиите загубија со 2-0 на гостувањето кај Сандерленд и го завршија настапот во ФА Купот.
Сандерленд со 2-0 го победи Арсенал и го елиминираше од ФА Купот.
Тимот на Арсен Венгер доживеа тежок удар на гостувањето кај Милан на Сан Сиро, па се очекуваше Арсенал да одговори со добра игра во ФА Купот.
Но тимот од Северен Лондон доживеа уште еден лош момент, Арсенал ги заврши натпреварите во ФА Купот.
Со головите на Ричардсон во 40. минута и автоголот на Чембрлејн во 78. Сандерленд дојде до сигурна победа за пласман во 1/4 финале.
Евертон со головите на Дренте во првата минута и Стракуалурси во шесттата дојде до победа од 2-0 над Блекпул.
Со истиот резултат Болтон славеше на гостувањето кај Милвол, Норвич со 2-1 загуби дома од Лестер.
