Румениге: Судиите се против Баерн

Претседателот на извршниот одбор на Баерн изјави дека судиите во Германија имаат поинаков критериум кога судат натпревари на Баварците.
Карл Хајнц Румениге ги критикуваше Бундеслигашките судиите бидејќи суделе против Баерн Минхен. Според него, во сомнителни ситуации судиите се одлучувале да досудат против Баерн.
 
„Забележувам дека во последно време судиите носат сомнителни одлуки. На пример господинот Кирхер против Хамбург ни поништи чист гол. Доколку тој гол останеше сега ќе бевме сеуште први на табелата.“ - се осврна Румениге на автоголот на Вестерман, кога дефанзивецот на Хамбург ја смести топката во неговиот гол, а Кирхер досуди фаул во напад, кој на никој не му беше јасен.
 
Според претседателот на Баерн судиите од секогаш имале нешто против Баерн:
 
„Ќе ви споменам и за примерот кој ми ги отвори очите. Еднаш ни поништија гол кој го постигна Мирослав Клосе, кога топката помина половина метро позади линијата. Ги прашав судиите по натпреварот дали ја виделе топката внатре, а тие ми одговорија потврдно. Отпрвин судијата сакал да го признае голот, но се одлучил да го поништи бидејќи тоа ќе предизвикало национална дискусија и ќе му донело проблеми. Со други зборови подобро да се свири против Баерн, отколку за Баерн, бидејќи така никој нема да се буди.“

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]