Кагава ги истегнал лигаментите, ќе паузира три седмици
Јапонскиот интернационалец од редовите на Борусија Дортмунд ќе отсуствува три седмици заради повреда на лигаментите.
Шинџи Кагава, кој е еден од највпечатливите фудбалери во Борусија Дортмунд, ќе мора да паузира три седмици заради повреда на лигаментите на глуждот.
Заради повреда тој ќе ги пропушти дуелите со Херта и со Хановер и е уште еден удар за Јирген Клоп, кој не може да смета ниту на ѕвездата на Дортмунд, Марио Геце.
Дортмунд моментално се наоѓаат на првото место во Бундеслигата пред Баерн Минхен со два поени предност.
