Венгер летоска ќе прави чистка на Емирати

Според пишувањата на медиумите од Англија, Арсен Венгер размислува по крајот на сезоната да направи големи реконструкции во составот по тешкиот пораз на гостувањето кај Милан

Французинот бил шокиран од средбата во средата на Сан Сиро, па вчера бил одржан кризен состанок во тренинг центарот на Арсенал.

 

Извештаите на медиумите од Англија велат дека Арсен Венгер бил прилично бесен, и својот гнев го истурил директно врз фудбалерите.

 

Daily Mirror пишува дека ’бесниот менаџер се дерел и пцуел’ кон фудбалерите, и им соопштил дека поразот од 4-0 против Милан бил негово најлошо искуство во кариерата.

 

Со слични стории изглегоа и The Sun, Daily Mail и Telegraph кои додаваат дека Венгер на своите фудбалери им соопштил дека прикажаните перформанси на Сан Сиро биле комплетно неприфатливи.

 

Весниците исто така пренесуваата дека Французинот планира да направи голема реконструкција на составот по крајот на сезоната.

 

Се говори дека Арсенал ќе се ослободи од Маруан Шамак, Парк Џу Јанг и Себастиан Скилачи, а доколку не го подигнат нивото на игра, ваква судбина би можеле да доживеат и Тео Волкот, Томаш Росицки и Андреј Аршавин.

 

Исто така се очекува ’Топџиите’ конечно да ги продадат и Никлас Бендтнер, Карлос Вела, Денилсон и Алмунија.

 

Во летниот трансфер период, Венгер ќе се обиде да донесе неколку квалитетни засилувања а како потенцијални трансфер цели се посочуваат Еден Азар, Марио Геце и Лукас Подолски.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]