Дрогба: Моето срце е сино
Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба не ја отфрла можноста да остане на Стемфорд Бриџ и вели дека неговото срце секогаш ќе биде сино.
Дидие Дрогба се врати од Африканскиот Куп на Нации и повторно е во стројот на Андре Вилаш Боаш.
Неговиот договор со Челзи истекува по крајот на оваа сезона па чести се шпекулациите за негово заминување, но тој не ја отфрла можноста да остане на Стемфорд Бриџ.
"Какви се шансите да бидам фудбалер на Челзи и следната сезона? Не знам" - вели Дрогба за Sky Sports News.
"Има многу шпекулации. Сите знаат дека јас сакам да останам во Челзи, Сите знаат дека моето срце е сино".
"Доколку потпишам нов договор со Челзи јас сум син, доколку заминам некаде, јас пак ќе останам син".
"Сеуште дискутираме за тоа, па ќе видиме што ќе излезе од тие разговори. Оптимист сум дека нешто може да се случи".
Челзи игра слаба сезона но останува во конкуренција за две титули, Лигата на Шампионите и ФА Купот.
"Би можел да заминам во друг тим да играм во Лига на Шампиони и можеби ќе ја освојам. Но никогаш нема да биде исто доколку тоа го направам со Челзи".
"Многу повеќе би ми значело да освојам со Челзи отколку со Барселона или било кој друг тим".
"Би било убаво да се освои со било кој, но никогаш нема да биде исто. Треба да верувате, дури и доколку нема многу зелени сигнали, зелени светла кои велат дека Челзи би можел да ја освои Лигата на Шампионите".
Дрогба вели дека би сакал некогаш да биде и менаџер на Челзи.
"Би било интересно да бидам менаџер на Челзи. Го сакам овој клуб и секогаш сакам да им помагам на луѓето кои го сакам, зошто да не".
"Доколку би бил менаџер, би им дал многу на моите фудбалери. Треба да им покажете дека се грижите за нив и дека се најдобри и тие ќе ви вратат".
Напаѓачот вели дека би било катастрофа доколку Челзи не успее сезоната да ја заврши во топ четири.
"Доколку не успееме да завршиме во топ четири, би било катастрофа".
"Секогаш кога сум ја започнал сезоната со Челзи никогаш не сме завршиле послабо од четврто место".
"Треба да завршиме таму бидејќи Челзи е голем клуб".
Некои медиуми пишуваат за несогласувања помеѓу искусните фудбалери и Андре Вилаш Боаш.
"Сето тоа може да биде вистина но доколку победите со истата тактика со која што играме, никој нема да се жали. Најдобар начин да го одржувате тимот среќен е да победувате".
"За мене годините на менаџерот не се важни, треба да ја почитувате неговата позиција и неговиот авторитет".
"Тешко е бидејќи се обидувате да го промените начинот на игра и да се адаптирате на неговата филозофија па можеби затоа е потребно време, и имаме потешкотии да бидеме меѓу првите две екипи".
"Но не мислам дека е до стилот кој менаџерот сака да ни го наметне, туку до добивање на натпреварите".
