Албелда и Валенсија уште една година заедно

Валенсија потврди дека е постигната согласност со Давид Албелда за продолжување на соработката за уште 12 месеци

34 годишниот Албелда подолго време беше инволвиран во преговори со Валенсија, бидејќи неговиот претходен договор истекуваше по крајот на сезоната.

 

Двете страни успеаа да пронајдат заеднички јазик, па фудбалерот и следната сезона ќе го носи дресот на Лос Че.

 

“Валенсија и Давид Албелда постигнаа согласност за продолжување на договорот до 30. јуни 2013.“ – гласеше соопштението на Валенсија.

 

Шпанецот дебитираше за Валенсија во 1997 година, па сезоната 2012/2013 ќе биде негова 15. на Местаља.

 

Давид Албелда во дресот на Лос Че одигра преку 500 натпревари, освои две титули од првенството на Шпанија и една титула од УЕФА Купот, а долго години беше и капитен на клубот.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]