Јунајтед и Јувентус се распрашуваат за Геце
19 годишниот Германец важи за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, и го привлече вниманието на голем број клубови.
Неговиот агент открива дека веќе остварил контакт со Манчестер Јунајтед и Јувентус, но додава дека Борусија Дортмунд нема да го продаде Марио Геце за помалку од 40 милиони евра.
Дирк Хебел за calciomercato.com рече: “Сите топ клубови од Европа се интересираат за Марио.”
“Можам да потврам дека имав контакт со Манчестер Јунајтед и Јувентус, но и други клубови внимаваат на Геце.”
“Какви се шансите тој да замине од Сигнал Идуна Парк? Не знам, ова прашање треба да им се постави на лидерите на Борусија Дортмунд.”
“Но верувам дека тие нема да го продадат за сума помала од 40 милиони евра.”
“Марио е среќен во Дортмунд.”
