Венгер: Ова беше нашата најлоша ноќ во Европа

Арсен Венгер не може да го сокрие разочарувањето од дебаклот на Сан Сиро, Французинот вели дека тоа била најлошата ноќ во Европа за неговиот тим.
Арсенал доживеа големо разочарување во Милано, загуби со убедливи 4-0 и може да се каже дека во 1/8 финалето ќе ја заврши сезоната во Лигата на Шампионите.
 
Венгер вели дека тоа биле ужасни перформанси од неговиот тим и најлоша ноќ во Европа за Арсенал.
 
"Ова беше шокантен резултат и шокантни перформанси од наша страна. Ноќ која никогаш не може да се заборави, наша најлоша ноќ во Европа" - изјави Венгер по натпреварот.
 
"Влегувавме од грешка во грешка и бевме казнети за тоа, заслужено".
 
"Никогаш не влеговме во натпреварот. Бевме многу лоши и офанзивно и дефанзивно. Ниту во еден момент во 90. минути не влеговме вистински во натпреварот".
 
"Тешко е сега да се анализира. Подобро е да не зборуваме премногу, да анализираме со ладна глава и да регрупираме".
 
"Да бидеме реални. Не играме во некој свет на соништа. Можеби имаме 2% или 5% шанси статистички, но реално испаднавме".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]