Алегри: Требаше да постигнеме уште голови

Масимилиано Алегри сакал уште поубедлива победа над Арсенал и покрај тоа што Росоњерите победија со високи 4-0.
Синоќа Милан со 4-0 го прегази Арсенал на Сан Сиро во првата дерби 1/8 финална пресметка од Лигата на Шампионите.
 
Убедлива победа, триумф за мирен реванш на Емирати и пласман во 1/4 финалето.
 
Но, Масимо Алегри вели дека тие можеле да слават уште поубедливо, тој сакал да види уште голови во мрежата на Арсенал.
 
"Вечерва имавме премногу шанси, особено по 4-0, можевме да победиме 6-0" - вели Алегри.
 
"Се надевав дека ќе можеме да славиме и поубедливо, бидејќи имавме шанси за тоа. Резултатот е добар, но ќе беше подобро доколку постигневме уште неколку гола и дефинитивно го визиравме пласманот во 1/4 финалето. Сега потребен ни е гол во Лондон за да бидеме мирни".
 
"Тимот одигра речиси перфектно, го нападнавме нашиот противник уште од стартот на сите делови од теренот".
 
"Во поглед на концентрацијата, ја имавме во текот на целиот натпревар и тимот покажа вистински дух на пожртвуваност за победа".
 
"Мора секогаш да играме вака во Европа и Италија, па ќе можеме да го освоиме секој трофеј".
 
Алегри има пофалби за Робињо, тренерот смета дека тој ја пронаоѓа најдобрата форма.
 
"Робињо е важен фудбалер и го докажал тоа во минатото. Оваа сезона ја започна без многу тренинг, но сега ја наоѓа потребната форма".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]