Марадона: Ќе ми се оствари сонот доколку станам тренер на Наполи
Но Аргентинецот вели дека во овој момент не може да се случи нешто такво, бидејќи е прогонуван од италијанските даночни власти.
Диего Марадона, кој го носеше дресот на Наполи од 1984 до 1991, и должи на италијанската влада нешто помалку од 40 милиони евра поради неплатени даноци.
“Ја сакам Италија, но властите треба да престанат да ме прогонуваат.“ – рече Марадона за Corriere dello Sport.
“Секогаш кога ќе стапнам во Италија, се чувствувам како да сум прогонувам. Секогаш кога ќе се вратам, се чувствувам ужасно.“
“Ги обвинувам даночните власти, бидејќи од мене прават крадец. Никогаш ништо не сум украл од Италија и Италијанците. Само им дадов забава и радост на теренот.“
“Јас сум жртвата, бидејќи некои директори тогаш изведоа умни трикови.“
Тренерот на Ал Васл потоа додаде: “Доколку во иднина можам да престојувам во Италија, без да се чувствувам како крадец, би можел да се вратам во Калчото.“
“Не негирам, сакам да бидат тренер на клуб од Италија. И доколку еден ден тој клуб биде Наполи, ќе ми се оствари сонот.“
