Македонија 101. на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација со скок од две места се најде на 101 позиција на најновата ФИФА ранг листа.
Не поради наши добри игри, поради лоши резултати на репрезентациите кои се под нас, Македонија напредуваше за две позиции на најновата ФИФА ранг листа.
 
Сега сме 101. на листата, ги престигнавме Боцвана и Нигер, но сме зад Малави Зимбабве и Веитнам.
 
Македонската репрезентација останува убедливо најслабо рангирана од балканските земји.
 
Шпанија и натаму останува лидер, зад неа сега е Германија, со пад од едно место следува Холандија, во топ 10 се и селекциите на Уругвај, Англија, Португалија, Бразил, Италија, Хрватска и Данска.
 
Од соседите најдобро пласирана останува Грција на 14. место, Србија е 25., Албанија е на 78. позиција, Бугарија 88.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]