Арсен Венгер стравува од Ибрахимовиќ

Арсен Венгер смета дека Златан Ибрахимовиќ ќе биде најголемата закана кон голот на Арсенал во вечерашниот дуел на Сан Сиро.
Вечерва во Милано се игра дерби пресметката од 1/8 финалето помеѓу Милан и Арсенал.
 
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е свесен дека најголемата закана кон неговиот гол ќе доаѓа од Златан Ибрахимовиќ.
 
"Тој е одличен фудбалер" - изјави Венгер за официјалната страна на Арсенал.
 
"Доколку го видите неговиот скор, што тој освоил, ќе го заклучите тоа, тој има изградено свој персоналитет базиран на силна верба во себе".
 
"Тоа е квалитет на највисоко ниво кој понекогаш може да биде и преценет, но не мислам дека тој е преценет бидејќи знае да игра најдобро на големи натпревари".
 
"Верувам дека затоа тој како млад беше во тренинг комплексот на Арсенал пред да се пресели во Ајакс. Ние бевме заинтересирани за него, и тој направи голема кариера".
 
Дефанзивецот на Арсенал, Томас Вермален добро ги познава квалитетите на Ибрахимовиќ, тој мал период беше заедно со него во Ајакс.
 
"Кога започнав да играм стандардно во Ајакс, тој веќе си замина, но имав многу тренинзи заедно со него кога бев млад фудбалер" - вели Вермален.
 
"Ги знам неговите квалитети како и сите што ги знаат. Силен е, технички фудбалер, еден од главните играчи, ние од дефанзивата ќе треба да се обидеме да го направиме безопасен вечерва".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]