Дут: Покажавме преголема почит кон Барселона
Тренерот на Баер Леверкузен, Робин Дут смета дека неговиот тим покажал премногу почит кон Барселона.
Баер Леверкузен загуби од Барселона со 3-1 во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Шампионите.
Германците со сите сили се бранеа во првиот дел, во вториот покажаа поголема желба за надигрување но не успеаа да дојдат до поволен резултат.
Тренерот на Леверкузен, Робин Дут смета дека тие покажале преголема почит кон противникот и тоа е една од главните причини за поразот.
"Нашата дефанзива играше многу добро за време на првото полувреме, но покажавме преголема почит кон противникот" - изјави Дут по натпреварот.
"За време на паузата им реков на фудбалерите да превземат иницијатива и да влезат во натпреварот. Па во второто полувреме и создадовме проблеми на Барселона".
"Во првите 15 минути од вториот дел бевме подобар противник и игравме навистина добар фудбал".
"Нормално, немаме шанси на Камп Ноу, но никогаш не се знае".
"Пред неколку години ја гледав Барса го победи Базел со 5-0 во Швајцарија, потоа одигра 1-1 дома, па се е возможно".
