Гвардиола задоволен од перформансите на Барса

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола е задоволен од изданието на својот тим кој синоќа на БајАрената го победи Леверкузен со 3-1.
Европскиот шампион немаше проблеми на гостувањето кај Леверкузен, Барса ја покажа својата сила и рутинирано со 3-1 дојде до важна победа.
 
Два гола на Алексис Санчез и еден на Меси се доволни за мирен реванш, Барса само формалност ја дели од четврт финалето.
 
Пеп Гвардиола е задоволен од изданието на неговите фудбалери на овој натпревар.
 
"Германските тимови секогаш ви креираат проблеми. Од мое искуство, дури и кога не играат добро секогаш во некој момент се враќаат во натпреварот" - изјави Гвардиола.
 
"Првото полувреме беше потешко, тие не се отворија, играа дефанзивно. На крајот успеавме да креираме шанси и постигнавме три гола во гости што е многу добро, задоволни сме".
 
"Бевме добри во секој аспект, во дефанзивата и нападот. Играме во Европа сега и не е лесно да создадете толку шанси колку што ние направивме".
 
"Ова е Лига на Шампиони и ние дојдовме во Германија да се соочиме со тим кој практично ја елиминираше Валенсија и добро знаеме сите која е Валенсија".
 
"Задоволни сме од играта вечерва, сега сме малку поблиску до четврт финалето".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]