Официјално: Хавиер Клементе е нов тренер на Спортинг Хихон
Поранешниот селектор на Шпанија и Србија, Хавиер Клементе е назначен за нов тренер на Спортинг Хихон.
Хавиер Клементе ќе го предводи Спортинг Хихон до крајот на сезоната, тој доаѓа на местото од Мануел Пресиадо на кој клубот му врачи отказ поради лошите резултати.
"Хавиер Клементе е нов тренер на Спортинг, тој ќе го предводи тимот до 30. јуни" - стои во соопштението на Спортинг.
Спортинг се наоѓа на претпоследното место на табелата во Примера.
